Останати спортови
Гоџа го освои Малиот кристален глобус во супервелеслалом
Италијанската скијачка Софија Гоџа го освои Малиот кристален глобус во супервелеслалом, триумфирајќи денеска на патеката во норвешки Квитфјел.
Пред завршната сепервелеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање Гоџа имаше предност од 63 бодови пред второпласираната Новозеланѓанка Алис Робинсон. Гоџа не дозволи изненадување и триумфираше во последната сезонска трка, со предност од 32 стотинки пред второпласираната Швајцарка Корин Сутер, додека Робинсон ја заврши трката дури на 16. место, 2,41 секунди зад Гоџа.
Германката Кира Вајдле-Винкелман исто така се искачи на подиумот, освојувајќи го третото место, 60 стотинки зад победничката.
За Гоџа, ова е првиот Мал кристален глобус во супервелеслалом, а вкупно петти во нејзината кариера во која има четири Мали глобуси во спуст.
март 23, 2026

