Connect with us

Фудбал

Валверде го напушта Атлетик Билбао на крајот на сезоната

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната во шпанското првенство.
Во видеопорака до навивачите, искусниот шпански тренер објави дека нема да продолжи да го води баскискиот тим во следната сезона, со што го ќе заврши својот речиси четиригодишен престој на „Сан Мамеш“.
„Следната сезона нема да бидам тренер на Атлетик – ова е одлука за која размислувам долго време. Разговарав за тоа со клубот и сакав да ве информирам. Во исто време, ни преостануваат десет важни натпревари во кои сакаме да ги постигнеме нашите цели. Ќе дадеме сè од себе и без сомнение, ако сите работиме заедно, ќе успееме“, порача Валверде.
Шпанскиот стратег трет пат е на клупата на Атлетик, откако претходно го водеше тимот од у 2003 до 2005 година и од 2013 и 2017 година. Во 2017 година, се пресели во Барселона, освојувајќи две титули во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.
Откако се врати во Атлетик Билбао во 2022 година, Валверде го освои трофејот во Купот на кралот во сезоната 2023/2024.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2