Connect with us

Свет

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на воздржаност за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа откако Иран соопшти дека неговиот нуклеарен објект во Натанз изутрината бил цел на напад.

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“.

„Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата. МААЕ ги истражува извештаите“, се додава во соопштението.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, „го повтори повикот за воена воздржаност за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2