Останати спортови
Италијанецот Парис победи на последниот спуст
Последниот спуст оваа сезоната во Светскиот куп во алпско скијање му припадна на Италијанецот Доминик Парис.
Италијанскиот скијач славеше на целта во Лилехамер со предност од 19 стотинки пред Швајцарецот Франц фон Алмен, додека третото место го освои Австриецот Винсент Крихмаер, заостанувајќи 60 стотинки зад Парис.
Малиот кристален глобус во спустот, трета сезона по ред, уште од порано ја обезбеди Швајцарецот Марко Одермат, кој во Лилехамер беше седмопласиран (+0,92).
Одермат сезонава во спуст освои вкупно 706 бодови, триумфирајќи убедливо пред неговиот сонародник Фон Алмен (515) и Парис (441).
март 22, 2026

