Connect with us

Хроника

Санкционирана скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

Полицијата и изрече казни на скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје.

Како што се наведува во информацијата од МВР, на 19 март во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14:39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа.

Против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1