Connect with us

Свет

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер

Порота во Калифорнија донесе пресуда според која Илон Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер за време на подготовките за аквизиција на компанијата вредна 44 милијарди долари, објавија американските медиуми.

Според адвокатите, вкупната штета би можела да достигне до 2,6 милијарди долари, јави Си-Ен-Би-Си.

Групната тужба, Пампена против Маск, првично беше поднесена во октомври 2022 година, откако милијардерот го заврши купувањето на Твитер за 54,20 долари по акција.

Подоцна ја преименуваше компанијата во X, пред да ја спои со неговата компанија за вештачка интелигенција xAI, а потоа и со SpaceX.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4