Хроника
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шест управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол, соопшти МВР.
По две лица во Тетово и Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гевгелија и Прилеп. Едно од лицата во Скопје кое управувало возило во Скопје е малолетник. По едно лице во Прилеп и Скопје управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, додека еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
март 21, 2026

