Connect with us

Фудбал

Комплетирани четвртфиналните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига

Со одигрување на реванш осминафиналните натпревари синоќа се комплетираа четвртфиналните двојки во Лига Европа и Конференциската лига.

Двојките за четвртфиналето во Лига Европа се: Фрајбург – Селта Виго, Порто – Нотингем Форест, Брага – Реал Бетис и Болоња – Астон Вила.

Во четвртфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, ќе се играат Шахтјор – АЗ Алкмар, Кристал Палас – Фиорентина, Рајо Ваљекано – АЕК и Мајнц – Стразбур.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9 април, а реваншите се на програмата една недела подоцна

Маркетинг
Ad 1
Ad 3