Connect with us

Свет

Германија го поедностави извозот на воена опрема во земјите од Персискиот Залив и Украина

Германија го поедностави извозот на одредена опрема за воздушна и поморска одбрана во земјите од Персискиот Залив и Украина, со цел испораките да пристигнуваат побрзо, соопшти денеска германското Министерство за економија.

Германската министерка за економија, Катерина Рајхе изјави дека „неселективните напади на Иран врз земјите од (Персискиот) Залив доведоа до итна потреба од воени средства, особено за воздушна одбрана“.

Според неа, „новата привремена лиценца овозможува прилагодување на процедурите за контрола на извозот на оружје за да се задоволат овие нови потреби“. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2