Connect with us

Свет

Кошта: Не постојат алтернативи за меѓународен поредок заснован на правото

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека не постојат алтернативи за меѓународен поредок заснован на правото.

Тој пред европскиот самит во Брисел изјави дека алтернативата е актуелната војна во Украина, но и нелојалната конкуренција во трговијата, заканата по суверенитетот на Гренланд, заканите по суверенитетот на државите во другите делови на светот.

– Ако сакате да ја зачувате стабилноста, ако сакаме да го зачуваме мирот, мораме да го почитуваме меѓународното право – рече тој и додаде дека мултилатералниот систем е основниот инструмент за заштита на меѓународниот поредок заснован на правото.

Тој додаде и дека лидерите на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат и за конкурентноста и додаде дека конкурентниот економски поттик е неопходен за зголемување на економскиот раст, за создавање квалитетни работни места, но исто така е неопходен и за зголемување на стратешката автономија.

– Режимот наречен „ЕУ Инк.“ е многу добар прв чекор. Но, мораме да продолжиме. Мораме да го интегрираме технолошкиот сектор во единствениот пазар. Мораме да ја следиме нашата агенда за поедноставување и мораме повеќе да вложуваме во иновациите. Сакаме да го интегрираме технолошкиот сектор на единствениот пазар. Сакаме да ја следиме нашата агенда за поедноставување и повеќе да инвестираме во иновациите. На единствениот пазар мораме да ја следиме нашата агенда за поедноставување и мораме повеќе да вложуваме во иновациите во новите сектори: вештачката интелигенција, квантното пресметување, мораме повеќе да вложуваме во преквалификациите, унапредувањето на вештините и учењето во текот на целиот живот-рече Кошта.

Тој најави дека во таа смисла денеска ќе биде одобрена многу конкретна мерка со конкретен временски рок за реализација на агендата на ЕУ до крајот на 2027 година, но со неколку мерки кои мора да се усвојат до крајот на оваа година.

Кошта истакна и дека никој не може да игнорира дека се соочуваме со предизвикувачки времиња во врска со енергијата и дека мораме да се позанимаваме со тоа прашање.

– Тековниот конфликт во Иран уште еднаш покажува дека најдобриот начин да имаме предвидлив и сигурен хоризонт за нашата енергија е зголемувањето на домашното производство на енергија. Само така можеме да станеме автономни и независни, што значи обезбедување на нашиот енергетски систем. За ова мораме да ја продолжиме нашата енергетска транзиција и тоа е нашата главна задача – рече Кошта.

Тој додаде дека енергијата значи безбедност, поради што ЕУ мора да изгради сопствени капацитети за производство на сопствена енергија бидејќи тоа е единствениот начин да биде безбедна.

Според него, меѓународната заедница треба итно да се мобилизира за да се реши драматичната ситуација на Блискиот Исток, но и да се поддржи населението во Газа.

– Мораме да обезбедиме снабдување со вода, енергија, итно ладење за луѓето кои живеат во Газа, бидејќи се движиме од еден конфликт во друг конфликт. Но, за жал, војната во Украина не престана. Ситуацијата во Газа останува драматична и мораме да се позанимаваме со сето ова – рече Кошта.

Во Брисел денеска се одржува европски самит на кој, според поканата на Кошта, ќе се разговара за ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ситуацијата во Украина, европската конкурентност, безбедноста и миграциите.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3