Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како евтин ВИ-модел зборува неповрзани работи

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова народот би рекол: тропаат како „Максим по дивизија“. Сè одеднаш, без ред, без аргумент и без цел.

Но заради почит кон јавноста должност сме да кажеме дека партијата која 7 години ветуваше ЕУ „утре“, денес зборува за реформи кои сама не ги направи.

Партијата која го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право.

Партијата која ја заглави државата, денес зборува за „изолација“.

Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези.

Не знаеме од што му е на Филипче, но посакуваме да се соземе и да престане да тeњака глупости.

Ова не е политика.

Ова е конфузија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1