Connect with us

Вести

Уапсен актуелниот директор на земјоделски инспекторат, се сомничи дека земал мито од 50.000 евра

Во тек е акција на Министерството за внатрешни работи, под раководство на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција, поради сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, потврдија од МВР.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, велат од Обвинителството.

Претходно дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, објавија дека директор на државна институција е уапсен вечерва, поради сомневање за примање мито.

Како што се посочува, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1