Connect with us

Економија

ССМ: Синдикалната минимална кошница за март 67.818 денари

На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67.818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83.193 денари.

-Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326,00 денари, посочуваат од ССМ.

Дополнително, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) во истиот период на 05.01.2026 година изнесувала 64,50 (денари/литар) , а на 16.03.2026 година 92,00 (денари/литар) или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар)

Дали животот на македонските работници ќе се подобри, ако ССМ престане да ја пресметува вредноста на Синдикалната минимална кошница и дали во тој случај македонските работници ќе бидат задоволни со висината на нивните плати како што се обидуваат да ја претстават состојбата владините претставници?“, велат од ССМ. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1