Connect with us

Свет

Орбан ќе ја блокира помошта за Украина додека не продолжат испораките на руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заемот од 90 милијарди евра (103 милијарди долари) за Киев и за новите санкции против Москва сè додека не продолжат испораките на руска нафта преку Украина.

  • Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука, која е во корист на Украина – изјави Орбан при пристигнувањето на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел.
  • Унгарската позиција е многу едноставна. Подготвени сме да ја поддржиме Украина кога ќе ја добиеме нашата нафта, која е блокирана од нивна страна – рече Орбан.

Нафтоводот „Дружба“ испорачуваше руска нафта преку Украина до централна Европа сè додека, според Киев, не беше оштетен во руски напад во јануари. Прекинот на испораката на гориво дополнително ги зголеми тензиите меѓу Будимпешта и Киев.

Унгарија побара од Киев бргу да го поправи нафтоводот и да го продолжи транзитот. Според Украина, брза поправка не е можна.

Оспорувајќи ги тврдењата на Киев, Будимпешта стави вето на новиот пакет-санкции кон Русија и ја блокира исплатата на заемот за Украина.

Според официјални претставници на ЕУ, Украина неодамна прифатила техничка и финансиска помош од ЕУ за поправка на нафтоводот.

Орбан нагласи дека ќе го промени ставот дури кога руската нафта повторно ќе стигне во Будимпешта. „Ни треба бидејќи тоа е егзистенцијално прашање“, рече Орбан.

На големо незадоволство на многу лидери на ЕУ унгарскиот премиер го одобри заемот на претходниот самит во декември пред неговата влада да го промени ставот само неколку дена пред четвртата годишнина од руската инвазија на Украина во февруари.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2