Connect with us

Хроника

Лишени од слобода три лица од Штип, пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана

Полициски службеници вчера лишиле од слобода три лица од Штип, откако била пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип. При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија, се вели во соопштението на Министерството.

Од МВР посочуваат дека лицата биле приведени во полициска станица и најавуваат оти по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2