Connect with us

Вести

Лажна дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Куманово

Лажна дојава за поставена бомба денеска предизвика вознемиреност во основно училиште во Куманово, по што веднаш реагирале полициските служби.

Од СВР Куманово информираат дека околу 12:50 часот била примена пријава дека на електронската адреса на едно основно училиште во градот е испратена закана за експлозивна направа. По добиената дојава, полицијата презела итни мерки и извршила проверки на терен.

По деталната контрола, било утврдено дека станува збор за лажна пријава и дека нема опасност за учениците и вработените.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и откривање на испраќачот на заканата

Маркетинг
Ad 3
Ad 4