Connect with us

Вести

Јавниот обвинител Ненад Савески ја презеде должноста

Новоименуваниот Јавен обвинител на Македонија Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител. Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Фото: ОЈО
Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1