Фудбал
Тетовска Шкендија последен полуфиналист во македонскиот фудбалски Куп
Во последниот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија, фудбалерите на тетовска Шкендија попладнево на гостински терен ја совладаа Струга на пенали со 5-4, откако натпреварот во регуларните 90. минута заврши нерешено 2-2.
Шкендија два пати се враќаше од резултатска негатива, откако Струга поведе со голот на Радески во 13 минута, а Хамза го врати водството во 82 минута по израмнувањето на Ибраими во 74 минута.
Струга ја делеа секунди од пласман во полуфиналето, кога Фетаи во последниот напад донесе израмнување на Шкендија, која во пенал серијата ги реализираше сите пет удари, додека на спротивната страна непрецизен беше Јефтовски.
Противник на тетовска Шкендија во полуфиналето ќе биде Шкендија Арачиново, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Силекс и Охрид.
март 18, 2026

