Connect with us

Скопје

Средба на градоначалниот Стојкоски со амбасадорката Варнс

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во државата, на која било разговарано за унапредување на локалната соработка, со акцент на економскиот развој, привлекувањето инвестиции и поддршката на локалните иницијативи.

Стојкоски, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, ги презентирал клучните приоритети на Општината, предизвиците со кои се соочува, како и тековните капитални проекти, што директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Двете страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности во повеќе области.

Посетата, како што се наведува во соопштението, претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер, како и отворање нови можности за соработка во насока на одржлив развој и унапредување на локалната заедница.

Општина Ѓорче Петров, се посочува во соопштението, останува посветена на градење силни меѓународни партнерства, кои придонесуваат за локален развој и подобра иднина за сите граѓани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2