Connect with us

Скопје

Реконструкцијата на месната заедница во Пинтија во завршна фаза

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија.

Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик.

-Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите на Пинтија, оваа реконструкција значи обезбедување на достоинствени услови за работа и меѓусебна комуникација. Наскоро тие ќе имаат на располагање репрезентативен простор од каде ќе можат директно да ги изразат своите потреби, да покренуваат локални иницијативи и активно да се вклучат во одлуките за својата населба. Оваа капитална инвестиција е обезбедена преку Владината програма за општините, финансирана од унгарскиот кредит. Со нејзината финализација, уште еднаш ја потврдуваме нашата основна заложба – Општина Кисела Вода да се развива подеднакво во секој нејзин дел. Остануваме доследни на дадениот збор, па преку континуирани и добро планирани проекти, продолжуваме одговорно да создаваме реални промени кои гарантираат повисок квалитет на живот за сите наши жители, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4