Connect with us

Хроника

Приведени скопјанец и охриѓанец, физички нападнале 52-годишник од Охрид и му одзеле пари и накит

На 18.03.2026 во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С.(52) од Охрид.

В.М.(41) од Охрид успеала да го заштити  А.К.С. и откако двајцата влегле во незјиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што А.К.С. забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит. Ј.М. и С.К. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1