Connect with us

Ракомет

Почина Сашо Србиновски, првиот селектор на македонската репрезентација во ракомет на плажа

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник. Вчера ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна возраст, објави Ракометната федерација на Македонија.

Србиновски ќе остане запаметен како човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир.  

Некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, Сашо Србиновски ќе остане запаметен и како прв селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4