Connect with us

Политика

Петрушевски: СДС и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат

СДС и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат.

Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови.

Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен.

Со ова, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на СДС и ССМ, и довербата ја губат се повеќе.

ССМ предводено од Трендафилов, свесно оди во заштита на интересите на СДС, а не на заштита на правата на работникот.

Трендафилов и оние неколкумина од врвот на ССМ, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а со тоа имаат за цел да и наштетат на Владата, која дава се од себе и ги зголемува платите и правата на работниците. 

Вистинските работници членови на ССМ, се повеќе се прашуваат дали се дел од вистински синдикално здружување или се дел од политичката партија СДС. Но, и во двата случаи, ни едните ни другите не работат во нивен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ останува вистински партнер на работникот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3