Општини
Општина Битола почна со реконструкција на училиште во село Крклино
Општина Битола денес почна со градежни активности на подрачното училиште на ОО „Александар Турунџев“ , лоцирано во селото Крклино.
Проектот се реализира со финансиски средства од Министерството за образование и наука, од вториот владин повик, а е на барање на жителите, информираа од Општина Битола.
Подрачното училиште има две училници, една канцеларија, ходник и тоалети. Ќе се менува кровната конструкција, ќе се реконструира и фасадата, внатре промена на подовите, замена на дограмата со ПВЦ профили, како и целосно средување на внатрешноста на објектот, односно молеро-фарбарски работи.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој беше информиран дека реконструкцијата чини 3,3 милиони денари.
март 18, 2026

