Connect with us

Вести

На Гастроентерохепатологија воведени современи методи со кои ќе се замени хирургијата, повеќекратно е зголемен бројот на заболени

На Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија се воведени неколку нови методи, со кои практично влегуваме во современа гастроентерологија и со кои ќе им помогнеме на нашите болни, значи полуинтервентни и интервентни методи, со кои во голема мера ќе ја замениме хирургијата – изјави директорката на Клиниката, проф.д-р Мери Трајковска.

Посочи дека станува збор за интервенции под контрола на ендоскопски ултразвук, воведуваат холангиоскопија, со што ќе може да интервенираат во жолчните патишта, а воведуваат и аблација на црнодробни тумори, што значи, како што рече, одат во чекор со современата онкологија.

– За подобрување на дијагностиката, имаме набавено опрема, ни требаат уште неколку клучни апарати, кои сме во тек да ги набавиме, имаме согласност и одобрување – истакна проф.д-р Трајковска.  

Во врска со скрининзите за рано откривање на ракот на дебелото црево и на црниот дроб, таа појасни дека скринингот за рано откривање рак на дебелото црево е почнат, ова е втора година.

– Одѕивот на пациенти е сè поголем. Од минатата година се работи на нов проект на скрининг за рак на црниот дроб. Во завршна фаза сме, тоа е веќе поминато и во Министерството за здравство и во секој момент ќе почнеме со тој скрининг. Значи, имаме два актуелни скрининга – рече проф.д-р Трајковска.  

Маркетинг
Ad 1
Ad 3