Connect with us

Свет

На Ајфеловата кула поставен висечки мост на височина од 60 метри за посетителите

Посетителите на Ајфеловата кула отсега може да преминат преку висечки мост со јажиња помеѓу два од столбовите на париската знаменитост.

Привремената атракција, која беше отворена вчера, се протега на 40 метри помеѓу првите нивоа на источниот и западниот столб на кулата и виси на речиси 60 метри над земјата.

До вчера попладне се формирала долга редица од нетрпеливи локални жители и туристи за да ја испробаат инсталацијата, пренесе ДПА.

Предвидено е мостот да остане отворен до 3 мај и е достапен за сопствениците на билети по претходна регистрација, без дополнителни трошоци.

Завршена 1889 година, Ајфеловата кула – позната и како Dame de Fer (Железната дама) – е една од најпопуларните знаменитости во Франција, па и во светот.

Минатата година Ајфеловата кула ја посетиле малку помалку од 7 милиони луѓе, а плоштадот под кулата, кој е слободен за пристап, примил 10 милиони посетители. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2