Connect with us

Свет

Фон дер Лајен кон крајот на март во посета на Австралија, трговски договор цел на патувањето

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кон крајот на овој месец ќе ја посети Австралија на средба со премиерот Ентони Албанезе, со цел постигнување трговски договор меѓу Европска Унија и Австралија.

Двете страни неодамна сигнализираа напредок во трговските преговори по неуспехот на претходната рунда разговори во 2023 година, главно поради несогласувања за пристапот до земјоделските производи.

Во денешното соопштение на Европската комисија се наведува дека Фон дер Лајен ќе престојува во Австралија од 23 до 25 март, со цел да се „зајакнат врските на ЕУ со доверливиот, истомислен партнер во стратешки виталниот Индо-тихоокеански Регион“.

Австралија бара поголеми квоти за извоз на јагнешко и говедско месо во Европа, а ЕУ се залага за подобрен пристап до клучните минерали на Австралија и пониски царини за индустриските производи.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1