Connect with us

Фудбал

Флик ги изненади сите на прес конференцијата пред дуелот со Њукасл

Реваншот од осминафиналето меѓу Барселона и Њукасл привлекува најмногу внимание од утрешните дуели од Лигата на шампионите. Дополнително тренерот на Барселона Ханси Флик со својата изјава на прес конференцијата го привлече вниманието.

– Среќен сум тука и мислам дека не е време да зборуваме за продолжување на договорот особено што имаме важен натпревар. Воопшто не размислува за заминување во некој друг клуб. Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување и сите сакаат да играат во него и мораме да одиграме перфектен натпревар бидејќи тие (Њукасл) се навистина добри. Мислам дека ова ќе биде мојот последен клуб и последна работа и среќен сум поради тоа, изјави германскиот стручњак.

Флик има договор со Барселона до летото во 2027 година.

Натпреварот Барселона – Њукасл се игра утре (среда) со почеток во 18:45 часот, а првиот дуел заврши без победник 1:1.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1