Connect with us

Регион

Брнабиќ по средба со Марта Кос во Брисел: Србија решително продолжува по својот европски пат

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Брисел, по разговорот со европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека Србија решително го продолжува својот европски пат и дека ќе работи побрзо и посилно на реформите.

Оценувајќи ја средбата со Марта Кос како „многу добра и отворена“, Ана Брнабиќ на својот Инстаграм профил изјави дека стратешка цел на Србија останува полноправно членство во Европската унија.

„Голема благодарност до Кос за нејзината посветеност и поддршка на нашата земја и поддршката што и ја дава на нашата земја во овој процес. Ќе работиме уште побрзо и посилно на сите реформи, пред се за доброто на сите наши граѓани“, изјави Ана Брнабиќ.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4