Connect with us

Ракомет

Втор „шешир“ за македонскиот ракометен тим за квалификациите за Европското првенство 2028

Европската ракометна федерација ги објави „шеширите“ за квалификациите за ЕП 2028 година што ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Според рејтингот македонскиот ракометен тим е рангиран во вториот „шешир“ заедно со Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија. Ова се репрезентации против кои македонските ракометари нема да играат.

32-те репрезентации се поделени во четири „шешири“. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири репрезентации.

Прв „шешир“: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија, Словенија

Втор „шешир“: Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка, Италија

Трет „шешир“: Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија, Црна Гора

Четврти“ шешир“: Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска, Словачка.

Извлекувањето на групите ќе се одржи во Лисабон на 26.март, а на шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации, двете првопласирани селекции од групите како и четири од осумте најдобро третопласирани репрезентации. Познати се четири држави кои ќе учествуваат на Европското, а тоа се: Шпанија, Португалија и Швајцарија како домаќини и Данска како европски првак.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4