Connect with us

Свет

Во конфликтот со Иран досега ранети речиси 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди

Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двесте ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди.

Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како тешко ранети. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на должност.

Хокинс рече дека повредените војници биле распоредени на служба во Израел, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и во Јордан.

Пентагон пред една недела пријави речиси 140 повредени војници.

Според официјалните податоци, од 28 февруари, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран, животот го загубиле 13 припадници на американските вооружени сили.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1