Хроника
Татковци од Куманово нападнале свои деца во два одделни случаја
Татковци од Куманово нападнале свои деца во два одделни случаја, информира денеска СВР Куманово. Според соопштението на полицијата, двата одвоени случаја се евидентирани во текот на вчерашниот ден.
Во првиот случај, како што наведуваат од СВР Куманово, вчера, во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесет и петгодишниот Б. В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал својата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет.
Подоцна, во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесет и двегодишниот А. Д. од Куманово затоа што физички го нападнал својот 20-годишен син.
Двајцата биле приведени во полициската станица и по целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави.
март 17, 2026

