Connect with us

Вести

Со трет организиран лет од ОАЕ вечерва во Скопје треба да се вратат уште 119 македонски државјани

На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва се очекува да пристигнат македонските државјани евакуирани со третиот организиран лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти лет за евакуација од погодените подрачја на Блискиот Исток. Претходно беа реализирани летови и од Шарм ел-Шеик и Ријад.

Според информациите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, авионот треба да полета во 16 часот по локално време, а пристигнувањето во Скопје е планирано за 20.10 часот. За овој лет се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странци.

Со овој лет вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе се искачи на 605 лица.

Од Министерството нагласуваат дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет и дека со денешната евакуација целосно е заокружен процесот на извлекување на сите македонски државјани што изразиле интерес да се вратат во земјата.

Додаваат дека дежурниот СОС-телефон, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, остануваат достапни за поддршка на македонските граѓани.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4