Скопје
Општина Аеродром почна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период конечно добива нов, модерен и уреден изглед.
Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место кадешто секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.
Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6.000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.
Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема.
Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.
Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милиони денари.
По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење.


