Кошарка
Кари сè уште има намера да игра оваа сезона
Повредениот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, не е подготвен да се откаже и да го пропушти остатокот од сезоната.
– Тоа не е наш стил. Ако имаме за што да играме, ќе играме. Затоа работам на враќање. Знам дека сме ослабени, но работата со мојата повреда е што учиме од ден на ден. Може ли да играм без страв? Може ли да бидам свој на теренот и да не се ставам во опасност на краток или долг рок? И потоа, сè уште имаме за што да се бориме. Би сакале да ги видиме момците во плејоф серија и да си ја испробаме среќата. Се надевам дека ќе го видам овој тим, со неговиот сегашен состав, здрав некое време, за да можеме да учиме што е можно повеќе и да се натпреваруваме. Тоа е она што го сакаме, изјави Кари.
Ѕвездата на „вориорс“ е надвор од теренот од 30 јануари и неодамна се врати на индивидуални тренинзи.
Тимот на Голден Стејт се надева дека Кари ќе може да учествува во неколку натпревари од регуларната сезона и да се врати во ритам пред турнирот за плејин, на кој Вориорс (32:35) треба да учествуваат за неколку недели
март 17, 2026

