Сцена
Ема Стоун заблеска на доделувањето на овогодишните Оскари во Лос Анџелес
На овогодишната церемонија на Оскарите, на црвениот тепих, Ема Стоун позираше во светкав сребрен фустан со кратки ракави. За негова изработка биле потребни дури 600 часа работа.
„Актерката е позната по тоа што често носи креации од француската модна куќа Луј Витон. Со нивна креација се појави и на овогодишната церемонијата што се одржа во театарот Долби, Лос Анџелес„, пренесува хрватскиот портал Задовољна (Zadovoljna.hr).
Фустанот е шиен по мерка и има длабоко отворен грб, а е украсен со голем број ситни, рачно шиени монистри. Кројот на фустанот се адаптира на нејзиното тело, и благо се шири при дното. Остава впечаток на минималистичка елеганција и софистицираност.
Стоун, својот изглед го надополни со дијамантски накит – обетки и прстени од италијанската куќа Репоси, кои совршено се вклопија со сребрениот фустан.
март 17, 2026

