Connect with us

Фудбал

Жоан Лапорта по трет пат избран за претседател на Барселона

Жоан Лапорта повторно победи на изборите за претседател на ФК Барселона, објави прес-службата на каталонскиот тим.

Гласањето се одржа на 15 март. Конечните резултати беа објавени ноќеска. Лапорта доби 68,18 проценти од гласовите (32.934), лесно победувајќи го својот единствен ривал, Виктор Фонт, кој доби 29,78 проценти (14.385).

Шеесет и тригодишниот Лапорта е претседател на ФК Барселона од 2021 година. Претходно го водеше клубот од 2003 до 2010 година. Во овие периоди, тимот под негово водство освои шест шпански првенства, три титули во Кралскиот куп, две Лиги на шампиони, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.

За 53-годишниот Виктор Фонт, ова беше неговиот втор пораз на претседателските избори во Барселона, откако претходно загуби од Лапорта во 2021 година.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1