Свет
Стармер и Трамп разговарале за Блискиот Исток и за Ормуската Теснина
Британскиот премиер Кир Стармер и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа разговарале за развојот на ситуацијата на Блискиот Исток и за војната против Иран.
Како што пренесува британскиот весник „Скај њуз“, двајцата лидери разговарале за важноста од повторното отворање на Ормуската Тесниан со цел да се анулира застојот во светскиот поморски транспорт што, како што се посочува во деталите од разговорот, „резултирало со зголемување на трошоците во светот“.
„Премиерот исто така изрази сочувство до американските војници, кои ги загубија животите за време на конфликтот. Двајцата соговорници се согласни дека ќе бидат во контакт“, се наведува во соопштението на „Даунинг стрит 10“.
Британскиот весник „Дејли телеграф“ претходно објави дека Стармер размислува да испрати неколку илјади дронови – пресретнувачи на Блискиот Исток за да помогне во повторното отворање на Ормускаат Теснина и да ги зајакне британските одбранбени воени капацитети во регионот.
Портпарол на британското Министерство за одбрана изјави за „Скај њуз“ дека офицјален Лондон моментно разговара со сојузниците за низа опции со цел да се обезбеди безбедност на пловидбата во регионот на Блискиот Исток.
Трамп вчера изрази надеж дека земји како Франција, Велика Британија, Јапонија и Кина ќе испратат бродови за да помогнат во повторното отворање на Ормуската Теснина и повторно вопооставување на транспортите нафта.
март 16, 2026

