Connect with us

Хроника

Со алкохол во крвта и без возачка дозвола лице од Лабуништа возело автомобил

Четириесет годишно лице од Струшко ноќеска управувало моторно возило со 1,64 промили алкохол во крвта и без положен возачки испит, полицијата го исклучила од сообраќај, а возилото е одземено.

СВР Охрид денеска соопшти дека во 1 часот и 5 минути по полноќ кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга-Враништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Х.(40) од струшкото село Лабуништа. 

– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека тој немал положен возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б“ категорија. Дополнително, при извршено алкотестирање му биле констатирани 1,64 промили алкохол во крвта, соопшти СВР Охрид. 

Лицето веднаш било исклучено од сообраќај, а возилото одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2