Општини
Штип вечерва ќе оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18:30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“.
Во рамките на спомен обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на загинатите штипјани. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.
Вечерва на плоштадот „Слобода од 19:10 часот ќе се палат свеќи во чест на починатите, а настанот ќе заврши во 19:30 часот со симболично „ѕвездено небо“ – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони.
март 16, 2026

