Скопје
Бесплатен јавен WI-FI во паркот „Јане Сандански“
Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет врска, извести општина Аеродром.
„Аеродром е една од 500 општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Со оваа поддршка општина Аеродром продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница“, се додава во соопштението на Општината.
март 16, 2026

