Вести
Ацо Ристов и Шамил Реџепи конкурирале на огласот за Претседател на РКЕ
Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 45/2026).
Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откога Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.
Во согласност со Законот за енергетиката, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието предлог-кандидат за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
март 16, 2026

