Connect with us

Фудбал

Почнува дистрибуцијата на влезниците за баражот со Данска

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на влезниците.

Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација од понеделник на своите електорнски адреси ќе ги добијат влезниците.

– Според последните информации во продажба има уште мал број на билети и сите оние кои немаат обезбедено влезница, а сакаат да ја бодрат репрезентацијата на Македонија на дуелот до Данска во Копенхаген може да купат, објави ФФМ.

Полуфиналниот бараж натпревар меѓу репрезентациите на Данска и Македонија се игра на 26 март на „Паркен стадионот“ со почеток во 20 часот и 45 минути. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1