Connect with us

Хроника

Жител на Центар Жупа приведен за семејно насилство

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Општина Центар Жупа поради семејно насилство.

-Вчера околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетната ќерка, нанесувајќи и повреди, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3