Connect with us

Хроника

Во Дебарско лажни пријави за помош за лекување, ОВР апелира на внимателност

Одделението за внатрешни работи во Дебар  информираше дека пристигнуваат пријави од граѓани дека, одредени лица на дел од социјалните мрежи споделуваат фотографии од малолетни лица, на кои, наводно, им биле потребни пари за оперативни зафати со оставен број за контакт за прибирање на паричните средства.

По овој основ, жители на Дебар, веќе оствариле контакт преку мобилниот телефон оставен за контакт и на едно лице му донирале пари со цел да помогнат за наводно лекување на малолетник. 

-Ги известуваме граѓаните дека станува збор за лажни информации од одредени лица кои се всушност, класичен обид за измама, со цел противправно стекнување парични средства. Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, да не се јавуваат на оставените мобилни броеви за контакт, да не се среќаваат со други лица по овој основ, да не споделуваат лични податоци и да не вршат донирање  на парични средства, апелираат од  Одделението за внатрешни работи.

Додаваат дека интензивно се работи на идентификација на сторителите на вакви измами, по што, против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2