Connect with us

Хроника

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. 

Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал.

– Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, инфирмираат од МВР.

Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4