Останати спортови
Одбојкарскиот финалниот турнир по 15 години во Скопје
Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција по пауза од 15 години ќе се одржи во Скопје, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија, одлучи истиот да се одржи од 26 до 28 март 2026 година во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Федерацијата ја задржува традицијата најдобрите четири екипи во куп-натпреварувањето кај мажите и кај дамите низ тридневна програма да ја направат распределбата на првите трофеи во сезоната.
Завршницата од Купот во машка конкуренција ги има истите учесници како и минатата сезона, бранителот на пехарот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица 47&амп;72, како и ГОК Борец и Работнички 71&амп;22. Кај девојките, пак, Наковски Волеј ќе ја брани титулата пред предизвикувачите Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј – трите екипи испишаа клупска историја и за првпат ќе играат на еден Ф4 турнир во Купот.
На 26 март ќе се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција со термини од 17:30 часот, односно 19:30 часот. Во истите сатници ден подоцна на програмата се полуфиналните дуели кај мажите, додека на 28 март ќе се играат финалињата. Женското финале ќе стартува во 17:30 часот, додека машкото финале ќе се игра од 19:30 часот.
Извлекувањето на полуфиналните двојки во двете конкуренции предвидено е да се одржи следната седмица со присуство на претставици на екипите учеснички, а датумот, времето и местото на одржување дополнително ќе бидат потврдени од Комесарот за натпреварување.
март 14, 2026

