Connect with us

Свет

Катар евакуира делови од Доха

Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети.

Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии.

Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар.

Иранските медиуми пред три дена објавија список на потенцијални цели во регионот. На истата наречена „Нови ирански цели“ се наоѓаат канцелариите и имотите на големите американски технолошки компании кои работат на Блискиот Исток. Меѓу потенцијалните цели се регионални канцеларии, како и центри за податоци и развојни центри на технолошки гиганти.

Според иранските медиуми, на листата се објекти поврзани со „Гугл“, „Амазон“, „Мајкрософт“, „Енвидиа“, ИМБ, „Оракле“ и „Палантиар технолоџис“, се споменуваат канцелариите во Израел, но и низ целиот регион, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2