Connect with us

Култура

Изложба со дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ во Њујорк

Изложба со дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ ќе биде отворена од 16 до 25 март во „Gallery Mc“ во Њујорк.

Изложбата, како што информира Ефимија Угриновска Кукоска од Meѓународна ликовна Колонија „Вевчански Видувања“, е насловена „Патување низ бои: Духот на Балканот во Њујорк“ и преку современ визуелен израз ја претставува инспирацијата од традицијата, културата и уникатниот дух на Вевчани.

– Изложбата обединува дела инспирирани од препознатливите мотиви на Вевчани – неговата богата културна историја, природните убавини и живописните симболи на познатиот Вевчански карневал. Преку различни уметнички техники и стилови, авторите нудат лични интерпретации на ова место кое претставува значаен дел од македонскиот културен идентитет, соопшти Угриноска – Кукоска.

Целта, според неа, е приближување на македонската култура до меѓународната публика и создавање простор за културна размена и дијалог меѓу уметниците и љубителите на уметноста во Њујорк.

– „Патување низ бои: Духот на Балканот во Њујорк“ е можност за промоција на македонската уметност и традиција на светската културна сцена, пренесувајќи ја приказната за Вевчани преку современата уметничка перспектива, додава Угриноска – Кукоска.

Приемен ден, како што информира, ќе биде 20 март од 18 часот со присуство на уметници, претставници на културни институции и гости од уметничката сцена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1