Свет
Иранската армија ги повика жителите на ОАЕ да се оддалечат од пристаништата
Иранската армија денеска предупреди дека пристаништата во Обединети Арапски Емирати ги смета за легитимна цел и ги повика локалните жители да се оддалечат од нив.
– Ги информираме лидерите на Емиратите дека Исламската Република Иран има легитимно право да го брани својот национален суверенитет и територија со ракетни напади врз американските непријатели лоцирани во пристаништата, доковите и засолништата на американската армија во ОАЕ, се наведува соопштението на Централната команда Хатам ал Анбија.
Соопштението е емитувано на државната телевизија и се повикуваат жителите да ги напуштат овие области.
март 14, 2026

